Македонија

Фекално загадување во водата во Струмичко- се забранува за пиење и подготовка на храна

Индикатори на контаминација откриени при инспекција

Се забранува водата за пиење во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса, соопштија попладнево од Општина Струмица во објава на Фејсбук.

Одлуката е донесена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по спроведен вонреден инспекциски надзор.

„Решението е донесено од страна на АХВ врз основа на вонредниот инспекциски надзор, а при кој е констатирано отсуство на резидуален хлор и контаминација со бактерии – индикатори на фекално загадување“, соопштија од Општина Струмица.

Освен за пиење, водата се забранува и за подготовка на храна и послужување во јавни објекти.

Од Општина Струмица апелираат граѓаните да се придржуваат до одлуката сè додека не се утврди исправност на водата.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top