Македонија

Фетаи: ДУИ е скапана партија, што измислува одвратни клевети, но ќе ги искорнеме од државата и ќе им го растуриме криминалниот систем !

Жестока реакција, но и закана на еден од лидерите на коалицијата Вреди Арбен Фетаи кон Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ

Вицепремиерот и еден од главните експоненти на Вреди Арбен Фетаи, реагираше со остри тонови на, како што ги нарекува, „ниските и одвратни клевети“, што доаѓаат од експоненти на ДУИ. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Порталот натаму наведува: Во објава на општествените мрежи Фетаи ги опиша „војниците на Златан Груби“ како „морално уништени, политички згмечени и очајни поради губењето на севкупната власт“, нагласувајќи дека тие произведуваат „одвратни лаги“ и манипулираат со дизајнот на коалицијата Вреди, за да ѝ се припишат зборови што, според него, ниту ги кажала ниту ги помислила. „Ова се подли измислици на скапана партија, која 22 години ја градеше својата моќ врз лаги, убиства и криминал. Нивните валкани напади се доказ дека сме на вистинскиот пат. Ги корнеме од државата, им ги растураме нивните валкани зделки, го демонтираме нивниот криминален систем.“ – нагласи Фетаи.

Тој додаде дека „секоја лага фрлена против него и Вреди“ „само ја зајакнува сопствената решеност да се продолжи со демонтирање на она режимот на ДУИ“. На крахот Арбен Фетаи ја заврши својата порака со зборовите: „Продолжете со борбата!“ – пренесе „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top