Македонија

Филипче инсистира на референдум: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

Филипче повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека продолжувањето на преговорите со Европската Унија зависи исклучиво од актуелната власт, за која смета дека нема вистинска намера да го продолжи евроинтегративниот процес. Тој повтори дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува закана за македонскиот идентитет и побара граѓаните да добијат можност директно да се изјаснат за иднината на државата преку референдум.

Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче порача дека премиерот Христијан Мицкоски нема право да го блокира европскиот пат на Македонија и нагласи дека власта има обврска да им овозможи на граѓаните да се изјаснат за стратешките определби на државата.

– Власта има обврска да распише референдум, затоа што нема право да го запре европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе обезбедат подобра преговарачка позиција и никогаш не кажаа дека ќе го блокираат европскиот пат на земјата, затоа што излажаа дека ќе го вратат името, дека ќе укинуваат Преспанскиот договор, договорот за добрососедство и ништо од тоа не направија – рече Филипче.

Според него, одлуката за продолжување на преговорите е целосно во рацете на власта, која, како што вели, ги заплашува граѓаните со тврдења дека се загрозени македонскиот јазик и идентитетот.

– Дали ќе ги продолжиме преговорите зависи од власта, а од власта очигледно не сакаат. Ги плаши граѓаните дека е загрозен јазикот, идентитетот и не знам која друга идентитетска одредница на македонскиот народ, со цел да не се направи чекорот којшто не носи никаков ризик, а тоа се уставните измени. Така да, билатералните прашања со било која земја членка на Европската Унија не се никаков дел од нашата преговарачка рамка и тоа граѓаните мора да го знаат – изјави Филипче пред почетокот на конгресот на НСДП.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт со ветувања кои не ги исполнила, меѓу кои и најавите за враќање на името и поништување на меѓународните договори, поради што, според него, нема легитимитет да ја држи државата надвор од европскиот процес.

На прашањето дали уставните измени ќе останат услов од Софија на патот кон Европската Унија, Филипче одговори дека билатералните прашања треба да се решаваат билатерално и не смеат да влијаат врз отворањето и затворањето на преговарачките кластери.

Лидерот на СДСМ упати и остри критики кон власта, порачувајќи дека „бандата предводена од Мицкоски ќе одговара и ќе ги враќа парите“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа

(Фото): Лукровски во Охрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“

Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини.

(Фото): Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.

Уште во 2023 претходната влада на СДСМ и ДУИ стапила во деловни односи со „Алта банка“ – Белград и Давор Мацура од Србија, дозволувајќи им влез во РМ

Претходната влада на СДСМ и ДУИ влегла во деловни односи со Алта банка – Белград и Давор Мацура во Србија уште во 2023 година кога на владина седница била донесена одлука да го овласти државниот правобранител во име на владата да ги отуѓи акциите што Македонија ги имала во српска банка, која Алта банка ја купува. Тогаш државата влегла во деловен однос со Алта банка и Давор Мацура. Купувањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка не е поврзано во никој случај со сегашната Влада бидејќи станува збор за две правни лица и трансакцијата е во согласност со сите прописи, закони и со Уставот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но неодговорно е да се одржат, оти ѝ штетат на Македонија

Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека во моментот е неодговорно кон државата да се организираат предвремени парламентарни избори иако, како што вели, ако се гледа од политички аспект на неговата партија, тоа ѝ одговара.

To top