Во интервју за Алсат М телевизија претседателот на СДСМ синоќа изјави дека партијата нема да поддржи ниту еден кандидат во вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница:
“Нема пазарења со никого, нема непринципиелни коалиции. Ќе оставиме граѓаните да одлучат по сопствено убедување. Затоа вчера имавме и состанок на раководството на партијата. Апсолутно не мислам дека треба да се прават непринципиелни коалиции“, рече Филипче.
Тој додаде дека има комуникација со ДУИ, но од приватна, а не од политичка природа. Филипче рече дека комуницира и со Ахмети, но оти не се координираат политички.
„Ако ме прашате дали имам лична комуникација – имам со повеќето луѓе. Со Ахмети? Меѓу другите, дури и со Али Ахмети, но немаме никаква политичка координација. И нема никаква координација. Каква комуникација?
На лично ниво, комуницираме за други, лични работи; луѓето го користат моето искуство како лекар и слично…
Не постои политичка координација, ниту пак некаков облик на коалиција или соработка“, вели Филипче..
Вториот круг од локалните за избор на градоначалник на брвеница ќе се одржи на 1 ноември.
Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ победи во првиот круг од изборите во Брвеница, сепак ќе има втор круг