Македонија

Среќа е што СДСМ „ги донесе“ Фејсбук, Гугл и Формула 1, од ВМРО-ДПМНЕ се подбиваат со „успесите“ од Заев

Претседателот на СДСМ на прес-конференција, рече дека се случува економско цунами, странски инвестиции си заминуваат, и дека за околу 30% ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

Среќа е што Венко Филипче и СДСМ изминатите 7 години ја водеа државата и како на економски план, така и на здравствен план, образовен план, инфраструктурен план и на сите останати полиња бележеа навистина големи успеси, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од Филипче за економско цунами во земјата.

  • „Секако, да не ги заборавиме и ветените инвестиции од Фејсбук, Гугл и стазата на Ф1 со кои ние како држава навистина добивме големи економски приходи. Шегата на страна, срамно е Филипче кој не може партијата да си ја консолидира, секој ден нивни членови и поддржувачи бегаат и се дистанцираат од него и СДСМ како во времето на ковид кризата, сега да говори за некакви политики или пак штитење на криминал и корупција“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму му порачуваат на Филипче дека ако навистина им мисли добро на партијата и на државата, ќе даде оставка и ќе одговара за сѐ што направил во минатото за што, како што велат, го штитат пулените на неговиот ментор Заев во судството.

  • „Во време на СДСМ среќни бевме што не банкротиравме, поради кражбите на Филипче, Заев и ним блиските лица. Филипче следен пат кога ќе излезе на прес-конференција нека размисли два пати. Секое негово излегување во јавноста е срам за обичниот граѓанин. Затоа, граѓаните на последните избори го кажаа своето. СДСМ под итно да се реформира, а Филипче да стане историја на политичката сцена“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ на прес-конференција, рече дека се случува економско цунами, странски инвестиции си заминуваат, и дека за околу 30% ќе биде намален бројот на вработени во зоните со странски инвестиции.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top