Македонија

Филипче: Развојот на Кривогаштани може да продолжи само со Игор Каравилоски и СДСМ

Според лидерот на СДСМ и новиот кандидат е добар како и стариот

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од предизборен митинг во Кривогаштани порача дека развојот на Кривогаштани може да продолжи само со кандидатот на неговата партија Игор Каравилоски и со СДСМ!

,,Слушајќи го неговото детално образложние како ќе го продолжи развојот на оваа општина во секој сектор, што ги опфаќа сите граѓани е доказ дека тој сериозно ја сфатил оваа работа, ја анализирал и знае точно што треба да се направи за буквално секој еден од вас” вели Филипче во изјава која е пренесена во партиско соопштение на СДСМ.

Според Филипче во изминатите четири години под раководство на СДСМ и градоначалникот Николче Мискоски реализирани се над 40 проекти, а вложени се 4,84 милиони евра за капитални проекти.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top