Македонија

Филипче со помал рејтинг и од Али Ахмети

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, и натаму во убедливо водство од 4 спрема 1 во однос на двајцата

Најновото истражување МКД, спроведено како дел од редовните истражувања заедно со „Маркет вижн“, покажува драматично заостанување во популарноста на лидерите на, до пред една година владејачките партии СДСМ и ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети е и понатаму најпопуларен политичар во условнно наречениот албански блок но со само 6% поддршка кај граѓаните.

Венко Филипче како претседател на СДСМ е на третото место со доверба од 4,7 проценти поддршка.

Претседателите на партиите од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити и Билал Касами имаат по близу 2 проценти, а Африм Гаши има 1%. Претседателите на ЗНАМ и на Левица, Максим Димитриевски и Димитар Апасиев се изедначени со по 3%.

Исто така, предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред опозициските партии е убедлива при што дури 23,8% од испитаниците се изјасниле дека на следните избори ќе гласаат за владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top