Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава, за година и пол направија хаос

После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа – тврди Филипче

После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа, а немаат и ниту еден конкретен бенефит, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот”, на телевизија Сител.

„Што видовме, која реформа е направена? Каков бенефит видоа граѓаните од било што од оваа влада -нема една работа”, рече Филипче.

Тој нагласи дека ВМРО‑ДПМНЕ нема политики или проекти кои навистина го подобруваат животот на граѓаните.

„Се освестија граѓаните, свесни се дека немаат никаков бенефит од оваа влада. Еве една категорија на граѓани кажете која што има некој бенефит. Работниците, просечна им се намалува, нема зголемување на минималната плата. За 30 милиони евра се намалени субвенциите во земјоделството”, рече Филипче.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт наследи средена држава.

„Наследија, средена држава, стабилни финансии, наследија, завршено членство во НАТО со решен повеќе децениски проблем со името. И што направија? Само нешто и некакви празни ветувања. Ете тоа е моментот со состојбата во државата. Ниту едно лажно ветување не поминува на оваа влада”, рече Филипче.

 

Најнови вести од: Македонија

Јаневска: Ги обучуваме наставниците за користење вештачка интелигенција, за да им помогнат на учениците да ја употребуваат правилно

Најуспешните наставници и училишта по 9-месечната обука за вештачка интелигенција добија сертификати. Министерството за образование и наука ги спроведе обуките во соработка со Brainster Next.

Пронајдени дрога и оружје кај жител на Глумово, Скопско, по што е лишен од слобода

Вчера, на 7 октомври 2026 година, околу 8 часот изутрината полициски службеници од од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.М. (43) од селото Глумово, Скопско.

To top