Македонија

Филипче во Берлин се согласил дека СДСМ ги исполнила стратешките цели на Македонија

Денеска во Берлин имав конструктивна и пријателска средба со вицеканцеларот на Сојузна Република Германија и ко-претседател на СПД, Lars Klingbeil, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче.   Филипче во Берлин со својот домаќин се согласил дека СДСМ ги исполнила стратешките цели на Македонија.   ,,СПД е наш силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес. Заеднички е ставот […]

Денеска во Берлин имав конструктивна и пријателска средба со вицеканцеларот на Сојузна Република Германија и ко-претседател на СПД, Lars Klingbeil, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче.

 

Филипче во Берлин со својот домаќин се согласил дека СДСМ ги исполнила стратешките цели на Македонија.

 

,,СПД е наш силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес. Заеднички е ставот дека со државнички и правилни одлуки во перидот на Владата на СДСМ, ги исполнивме стратешките цели за државата – Македонија стана земја членка на НАТО и ги отпочна преговорите со ЕУ.

 

Се согласивме дека европската перспектива е единствениот пат за стабилност, развој и реформи – економски, институционални и правни. Затоа е важно Македонија да продолжи по европскиот пат, секое ново одложување на овој процес е ризик за напредокот и иднината на државата.

 

Ја нагласивме важноста од натамошно унапредување на меѓупартиската соработка и размена на искуства меѓу СДСМ и СПД, како сестрински партии кои делат заеднички социјалдемократски вредности, базирани на солидарност, еднаквост, владеење на правото и социјална сигурност”, пишува Филипче.

 

Во објавата нема информација дали европратениците на СПД ќе гласаат контра бугарските и грчките амандмани на пленарната седница на ЕП каде ќе се усвојува извештајот за Македонија.

Најнови вести од: Македонија

ДЗР: Плата за неработење, украдени лаптопи и пари од Министерството со кое раководеше Груби до 2024-та

Државниот завод за ревизија при ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците за  2024 година констатирал кусоци на материјални средства, вклучувајќи 30 преносни компјутери, исплата на 61 процент на име плата на вработените без да се обезбедат податоци за нивното присуство на работа и точење нафтени деривати во возила за кои не може да се потврди дека се во сопственост на Министерството

To top