Македонија

Милановиќ: Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен! – Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат ќе го избере!

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска.

„Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат го избира, претпоставувам дека тоа е патот на благосостојба, мир и спокој на граѓаните на Македонија. А ова другото, вклучително и ЕУ и НАТО, е фасада, некаков вид енергетска обнова, но она што ја прави куќата е одвнатре. Ова се мои размислувања, не се совети ниту за првиот сосед до кој живеам, а камоли за цела држава и народ. Тоа важи и за Хрватска, ЕУ е надградба, но никако зграда. Нашата куќа и традиција се на нашето земјиште, а ЕУ е добредојдена сензација додека трае. Тоа е тоа. Има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоинствен“, рече Милановиќ по средбата со македонската претседателка.



Сиљановска-Давкова кажа дека Македонија се соочува со огромни притисоци од ЕУ да го промени Уставот. „Kако во секој Устав, и во нашиот пишува дека иницијатива за промена може да покренат претседателот, 30 пратеници или 150.000 граѓани и владата, не пишува Европската унија, а уште помалку дека може тоа да го направи некој од соседите. Тоа е доста голем притисок. Како држава, само бараме да се укинат двојните стандарди и нашите постигнувања еднакво да се вреднуваат“, изјави Сиљановска-Давкова.



„Се разбира, она што го бараме ние е многу едноставно, исти стандарди, какви што се барале од вас, или какви што се бараа и од другите членки. А тоа се Копенхашките критериуми. Меѓутоа, ние добиваме барања кои што се однесуваат на историјата, на културата и на јазикот, или на идентитетот. А во преамбулата на договорот за Европската Унија јасно пишува дека ЕУ ги признава, бидејќи е единство на различностите, и ги почитува историјата, културата, јазикот на другите народи, па дури и уставните и политичките структури, а особено дигнитетот и интегритетот на граѓаните“, рече Сиљановска-Давкова.

И покрај предизвиците, таа изрази надеж дека Македонија ќе добие фер шанса за членство и ќе може рамноправно да се натпреварува во исполнување на европските критериуми. Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, а преговорите официјално ги започна во 2022 година. Сепак, процесот е забавен поради билатерални спорови, особено со Бугарија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top