Македонија

Финансиската полиција влезе во државната Кардиохирургија, се истражува работењето од Ковид кризата до денеска

Станува збор за обемна документација, се испитуваат повеќе финансиски текови

 

Агенти на Управата за финансиска полиција (УФП) вчера извршила акција за прибирање на документација и други наоди во Универзитетската клиника за кардиологија.

Од управата на дежавната Кардиохирургија било побарано да ја достави целокупната документација за работата на клиниката во последните пет години, објави МКД.мк.

 

Според информациите на порталот започната е предистрага по анонимна пријава за аномалии во работата на Клиниката за кардиохирургија.

Управата побарала од раководството на клиниката да ја предаде целокупната документација за работата во последните пет години.

 

„Започната е предистрагата, станува збор за обемна документација. Се испитуваат повеќе финансиски текови“, велат изворите на МКД.мк.

 

Тие тврдат дека истражувањето на работата на државната Кардиохирургија не е поврзана со изјавата на д-р Сашко Кедев дека клиники вршеле непотребни операции на срце само поради профити.

 

„Анонимната пријава нема врска со операциите што се изведувале врз некои пациенти. Во пријавата има други наводи“, велат изворите на МКД.мк.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top