Македонија

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Преку потпишување на меморандум помеѓу Агенцијата ИНОВА и државните универзитети, се официјализираше соработката насочена кон зајакнување на научно-технолошкиот развој. Министерката за образование, Весна Јаневска, порача дека академската заедница е столбот на знаењето и иновациите.

Од амфитеатрите директно во светот на бизнисот и иновациите. Ректорите на 7-те државни универзитети и Агенцијата за иновациии, научно-технолошки развој и претприемаштво ги здружуваат силите и потпишаа Меморандум за долгорочна соработка. Со ова, студентите добиваат поддршка за истражувања, стартапи и брзо поврзување со бизнис компаниите. Надлежните очекуваат дека ова ќе резултира со развој на студентското претприемништво.

  • „Ова партнерство ќе значи конкретни активности. Студентите од клупите влегуваат во лаборатории и компании, поддршка на стартап иницијативи во рамки на универзитетите, развој на иновациска инфраструктура, подобар трансфер на технологии и посилно поврзување со бизнис секторот“, изјави директорката на ИНОВА, Даниела Димовска.

Јаневска најави дека државата останува фокусирана на инвестиции во науката, согласно Стратегијата за паметна специјализација.

  • „Се радувам што преку ИНОВА ја зајакнуваме соработката со универзитетите, затоа што токму академската заедница е клучниот двигател на знаењето, иновациите и општествениот напредок. Верувам дека заедно ќе изградиме поквалитетен високообразовен систем, ќе создадеме повеќе можности за научни и технолошки достигнувања и ќе развиваме кадар подготвен да одговори на современите предизвици.“

Министерката потенцираше дека новата законска регулатива ќе понуди подобра стимулација за научната работа и истражувањата.

  • „Како Министерство за образование и наука, остануваме посветени на поддршката на универзитетите. Поставуваме нова законска рамка со повеќе можности за стимулација на трудот на академската и научната заедница. Обезбедуваме континуирани инвестиции во високото образование, науката и истражувањата, што се потврдува преку средствата кои се издвојуваат од државниот буџет.“

Според Јаневска, минатогодишните 6 милиони евра наменети за иновативни проекти на универзитетите, МАНУ и компаниите се доказ за сериозниот пристап кон оваа област. Покрај министерката и директорката на ИНОВА, на настанот свое обраќање имаа и премиерот Христијан Мицкоски, како и ректорите на државните високообразовни установи.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

To top