Македонија

„Фол“: Граѓаните, многу незадоволни од Таравари, му порачуваат дека вреди само „пет пари“, оти ја напушти Вреди и се зближи со ДУИ!

Информативниот портал „Фол“ констатира дека Арбен Таравари предизвика не само големо незадоволство, туку и разочарување кај дел од гласачкото тело, кое го поддржуваше претходно

Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во објава на фејсбук напиша: „Стравот ја отуѓува реалноста… кога тој ги контролира луѓето нема никаква вредност она, што го прават и што го велат. Кажано кратко: (Не)Вреди!“ (игра на зборови со името на коалицијата Вреди – заб.прев.) Објавата на Таравари предизвика поплава од реакции на читателите, кои го нападнаа и го обвинија за лицемерие. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Граѓаните му порачуваат на Таравари дека вреди само ‘пет пари“! “.

Натаму порталот пишува: „Изгледа дека си ти првиот, што си се нашол самиот во оваа твоја објава?!“ – коментираше еден граѓанин.

Друг граѓанин напиша: „Зошто беше министер една година кога немало никаква вредност? Првите три месеци виде дека немало ништо, ама си имал мерак за фотелјата, па дури потоа си замина!“

Трет граѓанин му упати на Таравари ироничен коментар, прашувајќи го: „А дали вредеше Курто Дудуш?“ (пратеник во Собранието на РМ од општина Шуто Оризари и лидер на партијата Унија на Роми, како коалициски партнер на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на Арбен Таравари во нивната опозициска коалиција „Европски фронт“ – заб.прев)

Коментарите кон оваа објава на Арбен Таравари покажуваат големо незадоволство кон него, кој по излегувањето од коалицијата Вреди се зближи со ДУИ, предизвикувајќи разочарување кај дел од гласачкото тело, кое претходно го поддржуваше. – објави „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top