Македонија

„Фол“: Пред локалните не само што граѓаните не веруваат во ДУИ, туку и таа самата повеќе не верува во себе!

Информативниот портал пишува: „Чувство на паника го зафаќа секое ниво на структурата во ДУИ, поради големиот пораз, што ќе го доживеат на локалните избори“.

„Во ДУИ во Боговиње владее необична тишина, иако локалните избори се официјално објавени. Никаква изјава, никаква мобилизација, никаков знак за водење кампања. Тоа е тишина што зборува погласно од кој било говор, тоа е тивко признание дека трката е изгубена пред да започне. Овој пат не само што граѓаните не веруваат во ДУИ, туку и ДУИ не верува повеќе во самата себе.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата информација со наслов „Молчење и денес во ДУИ во Боговиње – паниката поради поразот се чувствува насекаде!“.

Натаму порталот пишува: Одлуката да не се номинира повторно сегашниот претседател Бесник Емшиу ги шокира месните партиски структури. Само пред неколку дена, тој беше потврден како кандидат од страна на базата, но четирите години лошо управување, прекршените ветувања, неуспешните проекти и немањето визија му ја затворија вратата за втор мандат. Поделбите во ДУИ, војната меѓу фракциите и несогласувањата во коалицијата ја продлабочија кризата. Фети Абази, противкандидатот од Вреди, добро познат професионалец со чиста репутација и широка поддршка, исто така беше решавачки чинител. Според изворите на информации, внатрешните анкети покажаа голема разлика во негова корист, јасно ставајќи до знаење дека директното соочување би завршило со голем пораз за ДУИ. 

Дури и одложувањето на официјализирањето на кандидатурата беше тивок сигнал за немањето доверба во Емшиу. Денес целосниот молк во партијата не е само недостаток на реакција, туку чувство на паника, што го зафаќа секое ниво на структурата. Боговиње, добро познатата тврдина против ДУИ, ја потврдува својата репутација и за овие претстојни локални избори. Единствената промена е што овој пат не само што граѓаните не веруваат во ДУИ, туку и ДУИ не верува повеќе во самата себе. – објави „Фол“.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

Димитриевски: „Да“ за Европа, но европски пат со заштита за македонскиот идентитет и без отстапки кон Бугарија!

Лидерот на ЗНАМ предлага парламент со 90 пратеници како дел од пошироки изборни реформи. Истовремено бара заштита на македонскиот идентитет и европски пат без отстапки кон Бугарија.

To top