Македонија

Фон Дер Лајен од Скопје: Импресивно е она што досега го имате направено

Македонија постигна успех во планот за раст, напредокот е навистина импресивен, за тоа зборуваат и добиените средства од ЕУ, изјави денеска во Скопје Урсула фон дер Лајен

Македонија постигна успех во планот за раст, напредокот е навистина импресивен, за тоа зборуваат и добиените средства од ЕУ, изјави денеска во Скопје по средбата со премеирот Христијан Мицкоски претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен.

Пофалбите од неа пристигнаа и за „Везилка“, платформа создадена од овој владин тим преку која Македонија ќе се приклучи кон ЕУ на поинаков начин, со што новите компании ќе добијат шанса преку вештачка инетлигеција да и се приклучат на Унијата.

Фон де Лајен на новинарско прашање одговори дека со премиерот Мицкоски разговарале за интензивирање на преговорите со Бугарија и за деблокада на македонскиот евроинтегративен пат закочен од официјална Софија. Како што кажа претседателката на ЕК, „првиот чекор е следната недела да направиме поконкретен обид за деблокирање на процесот со Бугарија“. Мицкоски изјави дека веќе му дал насоки на министерот Тимчо Муцунски за иницирање средба со неговата колешка од Бугарија.

По средбата со премиерот, Фон Дер Лајен се сретнува и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

(Фото): „Комшилук“ освои европска награда – Маалската „Травијата“ од Железара доби признание во Брисел

Приказната за Виолета и Алфредо, која летово се раскажуваше меѓу балконите на скопска Железара, стигна и до Брисел. Културната иницијатива „Комшилук“ ја освои наградата „Нов европски Баухаус“ (New European Bauhaus Prizes 2026), што ја доделува Европската комисија, за проектот „Травијата во три чина“.

To top