Македонија

(Фото): Дивиот свет во Преспа: За првпат забележани голем број бебиња и млади шумски желки

Островот Голем Град продолжува да го привлекува вниманието на меѓународната научна јавност. Здружен тим на истражувачи од Македонија, Србија, Грција и Франција учествуваа во годишните студии на неколку видови влекачи, меѓу кои змиите рибарки, поскокот и шумската желка.

Во фокусот на истражувањата се македонскиот мрморец, жолтиот мукач и блатната желка – клучни видови чиј мониторинг дава значајни информации за состојбата со влажните екосистеми, кои сè почесто се изложени на притисоци од климатските промени и човековите активности. Македонското еколошко друштво спроведува теренски истражувања долж крајбрежјето на Преспанското Езеро во соработка со локалните заштитени подрачја како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“.

  • „Овогодинешните истражувања укажуваат на позитивните ефекти на необично влажната пролет, видливи не само во нивото на езерската вода и во снежните покривки на високите падини на Галичица и Пелистер, туку и во големиот број на заловени и обележани животни на Голем Град (>500). Меѓу другото, за прв пат по многу години успеавме да обележиме голем број на бебиња и млади шумски желки. Тие се поактивни од вообичаено заради обилната храна во интензивната зелена пролетна покривка на островот. Ова навидум нуди надеж за оваа популација на која и се ближи истребување, но сепак, најверојатно е само резултат на влажната пролет, додека пак малиот број на јајца забележани во островските женки, во споредба со оние од копното, нѐ потсетува на трагичната судбина на оваа популација. Можеби следната година ќе сведочиме подобра ситуација потпомогната од наталожените резерви од оваа година, но генералните климатски проекции ни укажуваат дека оваа година е само исклучок во една многу сушна иднина“ – објаснува д-р Драган Арсовски од Македонското еколошко друштво.

Се следи и состојбата на повеќе видови птици, вклучувајќи ги големиот северен нуркач, белиот пеликан и кадроглавиот пеликан – како еден од најрепрезентативните симболи на Преспа. Собраните податоци од сите овие истражувања, заедно со истражувањата на ренџерските служби на Паркот на природата „Езерани“ при Општина Ресен и националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“, ќе бидат интегрирани во единствена дигитална платформа која на различните засегнати страни ќе им овозможи сеопфатен увид во состојбата и трендовите со биолошката разновидност во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Ново проширување на ЕУ со вградена „рачна сопирачка“: новите членки на ЕУ привремено без право на вето!

Новите членки на Европската Унија по приемот треба да се откажат од правото на вето на одлуките што во Унијата се носат со консензус, а постои и можност да им бидат ускратени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозуваат интересите на Унијата, пишува берлинскиот портал „Table.media“, повикувајќи се на предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ во кој имал увид.

Николоски: Градиме денес, за да оставиме посилна држава за идните поколенија!

Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Перински: Матичните лекари ќе можат да издаваат боледувања до пет дена

Директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински денеска најави построги контроли на боледувањата, нагласувајќи дека до Управниот одбор ќе биде предложена предлог-измена на Правилникот за боледување, со цел да се осигура дека средства коишто ги исплаќаат стигнуваат до оние на коишто им се најпотребни, како и за да се зајакнат механизмите коишто ќе овозможат превенција на потенцијална злоупотреба на боледувањата.

Осум дена притвор за насилникот и лихварот од Черкези, кој му се закануваше на Мицкоски „свињо,ќе те колам на плоштад“ и му упатуваше пцости на семејството!

Осум дена притвор му е определен на 39 годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени кон премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи. СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 5 од Кривичниот законик.

To top