Македонија

(Фото): Достоинствено, како што доликува – Ѓорѓиевски со букет цвеќе ја испрати Арсовска

Во просториите на Град Скопје се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, каде протоколарно се сретнаа доскорешната градоначалничка Данела Арсовска и новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ѝ подари букет свежо цвеќе на досегашната градоначалничка Данела Арсовска на кусата средба што ја имаа во градската управа на примопредавањето на функцијата – градоначалник на Град Скопје. Изминатиот период тие имаа вербални преписки на социјалните мрежи за ситуацијата со сметот во главниот град.

Средбата со Арсовска ја оцени како протоколарна, како и дека траела помалку од еден час. По неа, тој се обрати на медиумите, посочувајќи дека ќе почне со првата активност што ја ветил, а тоа е чистење на Скопје.

Најави дека во чистењето ќе биде вклучена механизација на „Комунална хигиена“, но и камиони од другите градови. Покрај чистењето, ќе се мијат и улиците, но и кејот и на плоштадот „Македонија“.

Во наредните денови ќе има средба со приватните превозници за да се вклучат 60 автобуси во јавниот превоз. Како приоритетни проекти ги најави тие кај клучката Момин Поток, проширување на улицата „Борис Трајковски“ во булевар и доградба на мостовите во Карпош 4 и во Аеродром, проекти што се почнати во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, а во мандатот на Арсовска не беа довршени.

Посочи дека ревизија ќе следи за сите јавни претпријатија, но и за Градот Скопје.

Градоначалникот најави ребаланс на буџетот со кој ќе се предвидат нови проекти, но и завршување на веќе започнатите.

  • Ќе спремаме брз ребаланс којшто ќе треба скоро да го донесеме. Ребаланс којшто ќе содржи нови проекти кои што ќе ги започнеме и ќе се фокусираат во градот Скопје, но и оние проекти кои што останале недовршени во изминатиот период. Ќе се фокусирам наредниот период да бидат конечно одблокирани и да имаат брз расплет, односно брза реализација. Како клучни моменти, булеварот „Борис Трајковски“, двата моста „Пензионер“ – „Љубљанска“ и „Михајло Апостолски“, генерално во Аеродром, – нагласи Ѓорѓиевски.

Додаде дека е во комуникација со јавните претпријатија и дека веќе се преземаат чекори за нивно нормализирање.

  • Во понеделникот имаше 16 исправни возила од Комунална хигиена, мислам дека до вечерва ќе успееме да имаме околу 40 возила на располагање. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе бидат вклучени цистерни за перење на улиците. После долго време ќе ги переме и улиците во главниот град, плоштадот ќе се пере вечерва, кејот сериозно ќе се чисти и ќе се пере, така што дел по дел ќе ги ревитализираме и јавните претпријатија, да ги доведеме во нормала – истакна Ѓорѓиевски.

Во однос на состојбите во јавните претпријатија, тој најави ревизии и разрешувања.

Најнови вести од: Македонија

Тошковски: Одбележани 26 години од загинувањето на полициските херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак во Арачиново

Денеска се навршуваат 26 години од трагичната смрт на полициските службеници-херои и македонски херои Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, кои во 2000 година, при извршување редовна полициска контрола на влезот во селото Арачиново, беа подмолно и сурово убиени во заседа. Хероите на Македонија остануваат вечно вградени во колективната меморија, а нивната жртва ќе продолжи да инспирира сегашни и идни генерации.

ДИК: Излезноста на повторените локални избори зголемена само во Врапчиште, во другите општини намалена

На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места, информира Државната изборна комисија (ДИК).

To top