Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален урбан комплекс – ТРИАНГЛА, кој на едно место ќе ги обедини современото хотелиерство, шопингот, гастрономијата, семејните содржини и деловните настани. Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Комплексот се простира на површина од 15.000 м², од кои околу 6.500 м² се комерцијален простор за изнајмување, а дополнително располага и со подземен паркинг со повеќе од 200 паркинг места. Во рамки на веќе изградениот комплекс се финализираат ентериерните, декоративните и завршните подготовки за бутик хотелот Three Corners Hotel со 43 соби, деловниот и конференциски простор, кровната тераса, спа и велнес зоната, ресторанскиот концепт, шопинг паркот и просторот за детска игра и семејно дружење.

За комерцијализацијата на проектот е задолжена FORTONMKA, Alliance Partner на Cushman & Wakefield за Северна Македонија, која е ексклузивен агент за издавање на комерцијалниот простор во рамки на комплексот.

„Нашата визија е да создадеме простор кој ќе понуди повеќе содржини на едно место и ќе одговори на различните потреби на современиот посетител. Со комбинацијата на хотел, шопинг парк, гастрономија и семејни содржини, сакаме да создадеме пријатна средина каде луѓето ќе можат да го поминат своето време поквалитетно, поудобно и со повеќе можности за избор. Веруваме дека ваквите отворени и современи концепти носат вистинско освежување во градот и претставуваат вредно дополнување на понудата во Скопје. Очекуваме комплексот да привлече посетители не само од главниот град, туку и од целата држава“, вели инвеститорот Кире Стефанов.

Проектот претставува значајна приватна инвестиција која носи нова економска вредност за градот и државата преку отворање нови работни места, активирање на локалната бизнис-заедница и создавање дополнителни можности за развој. Со ваквите вложувања се поттикнува модернизацијата на урбаниот простор и се создаваат содржини што одговараат на потребите на современите градови.

Во ТРИАНГЛА своето место веќе го обезбедија брендови од различни категории, создавајќи разновидна понуда за секојдневни потреби, мода, здравје, дом, храна и гастрономија. Меѓу нив се Pepco, Sinsay, LC Waikiki, Eurofarm, Office Plus, Sara Fashion, Tehnomarket, Sportlab, Biana Shoes, Aura d’Or Perfumes, Terra Restaurant, како ресторански концепт во рамки на комплексот, како и SPAR – еден од најпознатите меѓународни синџири за храна и производи за секојдневна потрошувачка.

Официјалното отворање на комплексот е планирано за оваа есен, кога посетителите за првпат ќе имаат можност да го искусат новиот концепт што спојува престој, шопинг, гастрономија, бизнис и забава во една современа урбана приказна.

Најнови вести од: Македонија

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

To top