Македонија

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

Колку пари треба да издвоите доколку сакате да одите на скијање во Австрија? Авантуристот Стефан Спирковски објави видео на Инстаграм и сподели со неговите следбеници колку пари треба да потрошите доколку сакате да си дозволите такво уживање. Сезоната на зимските спортови е во полн ек, а голем број од нашите инфлуенсери се упатија кон некои од попознатите светски ски центри.

Додека голем број од нив одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

  • „Од Скопје до Насфилд и за гориво назад потрошивме 300 евра. Ако тргнеш со кола треба да ги планираш и патарините. Во Македонија се 100 денари, во Србија се околу 22 евра, а  низ Хрватска, Словенија и Австрија вкупно 30 евра. Има и еден тунел во Словенија се плаќа 9 евра во еден правец, ама после 12 часа возење и поминати граници најважно е кога ќе стигнеш да бидеш сместен до главната гондола. Ние четворица земавме апартман со сопствен паркинг по цена од околу 1.400 евра за шест ноќи сместен е во селцето Ратендорф на само 6-7 минути со кола до главната гондола“ – појаснува тој.

Според ова што го напиша, само за пат и сместување,четири лица, или едно четиричлено семејство,  треба да планира да одвои околу 1.800 евра.

Дополнително, за 6 дена потребно е да се одвојат околу 360 евра за ски пас и уште околу 100 евра за ски локери.

Повеќе детали на Женски магазин.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top