Македонија

(Фото): И по пет месеци од трагедијата во Кочани, болката сè уште жива

Се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува, изјави Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо.

Денеска се навршуваат пет месеци од кочанската трагедија, по што и овојпат граѓаните се собраа на протестен марш во чест на „ангелите“. Спомените се единствената сила што нè држи исправени. Оваа порака беше испратена на денешниот 18. „Марш на ангелите“ што се одржа во Кочани во чест на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Воедно, денеска се навршуваат пет месеци од трагедијата која присутните ја опишаа како најтешкиот ден во нивните животи.
И по половина година, раните сè уште не зараснаа – семејствата на настраданите секојдневно ја носат болката и се сеќаваат на своите најблиски.
– „Денес се навршија пет месеци од најтешкиот ден во нашите животи. Пет месеци празнина во срцето, пет месеци во кои секој здив е потежок од претходниот. Пет месеци без насмевките, без гласот и без прегратките на нашите најмили. Во овие месеци болката не стивнува. Секоја мисла води кон нив, секој миг е обоен со тагата по изгубеното. Спомените се единствената сила што нѐ држи исправени. Мостот меѓу вчера и денес. Меѓу присуството и тишината. Љубовта што ја оставија зад себе е вечна и никогаш нема да згасне. Таа љубов е нашиот патоказ, нашата светлина во темнината и доказ дека тие живеат во нас засекогаш“, рече Розета Џамова, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов.
Граѓаните на Кочани велат дека градот и понатаму е обвиен со тага, а трагичниот настан останува длабоко врежан во колективната меморија. Во изминатиот период беа организирани неколку протестни маршеви за „ангелите“ од Кочани, на кои граѓаните со свеќи, молитви и пораки за правда ја искажуваа својата болка и незадоволство.

Трагедијата, која се случи на 16 март годинава, предизвика шок и неверување, а институциите најавија истраги и мерки за да се спречат слични случувања во иднина. Но, конечна завршница на случајот сè уште нема, што дополнително ја зголемува недовербата кај јавноста.

Граѓаните порачаа дека времето минува, но болката и барањето за правда остануваат.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top