Македонија

(Фото): И во сабота на работа – скопскиот градоначалник се сретна со граѓаните, за што разговараа?!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место. И во сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози, во духот на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење.

И сабота е работен ден кога станува збор за интересите на мојот народ, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој сподели дека денес се отворени вратите на Град Скопје за сите граѓани кои побарале прием да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози.

  • „Со дел од нив остваривме и телефонски разговори, затоа што секој глас е важен и секоја порака заслужува внимание“, истакна тој во објавата на Фејсбук.

Она што го мотивирало најмногу бил добриот збор и поддршката што ја слушнал од граѓаните, за кои вели дека искрено му кажале дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги побарал, сослушал и примил.

  • „Тоа е огромна чест, но и моја обврска! Како што ветив – градот е отворен за сите. Без бариери, без затворени врати, без игнорирање. Секој проблем е забележан, секој предлог е запишан. На проблемите ќе им погледнеме директно во очи и заедно, чекор по чекор, ќе ги решаваме“, објасни Ѓорѓиевски и порача дека и тој и Град Скопје остануваат достапни, присутни и на страна на граѓаните.

Додаде дека средбите продолжуваат во текот на целиот ден, а доколку има потреба, ќе се продолжело и утре.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

To top