Македонија

(Фото): Има ли чаре за депонијата „Дрисла“ што го тишти населението?!

Состојбата е алармантна, велат здравствените работници. Последиците од труењето со отровни гасови можат да бидат многу сериозни, предупредуваат здравствените работници.

Густ чад и миризба на запалено ѓубре и пластика кај селата Батинци и Студеничани. Сè уште гори депонијата „Дрисла“. Пожарот ќе се затрупува оти не се гасне со вода. Тоа им предизвикува дополнителни главоболки на мештаните, оти како што велат, дишат отров опасен и за луѓето и за стоката.

Екоцидот во Скопје е пристигнат на голема врата, се жалат жителите. Во секоја општина горат депонии, главниот град стана големо буниште. И со затворени врати и прозорци од смрдеата и чадот нема спас, реагираат мештаните.

Големото количество на запален отпад, со години го тиштеле локалното население, се жалат тамошните жители.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека надлежноста врз депонијата ја презема Главниот штаб за управување со кризи, поради прогласената кризна состојба во државата.

И лекарите алармираат дека состојбата е загрижувачка.

И додека Скопје се гуши во неподнослива реа – пожарот во депонијата „дрисла“ и натаму е активен.

Според моменталната состојба, пожарот е под контрола и не претставува закана за околната шума или населени места.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top