Македонија

(Фото): „Лајка“ ги прибира кучињата од скопски Карпош кои со камион беа донесени од Албанија

Екипи на ЈП „Лајка“ се на терен во Карпош по повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња, при што претпријатието најави безбедно и хумано заловување согласно законските процедури. Истовремено, здружението „Анима Мунди“ пласира сомнеж дека дел од кучињата се „непознати“ за локалната улична популација и дека можеби станува збор за организирана дислокација, со наводи за животни со ушни маркици од Албанија.

Јавното претпријатие „Лајка“ информира дека викендов биле добиени повеќе пријави од граѓани за појава на поголема глутница кучиња без ушни маркици на територијата на Општина Карпош. Од утринските часови, екипите на претпријатието се на терен на посочената локација, каде што се спроведува безбедно и хумано заловување на животните, во согласност со законските процедури и стандардите за благосостојба.

Од „Лајка“ посочуваат дека само во изминатите два месеци од истата локација биле заловени вкупно 19 кучиња. И покрај тоа, повторната и континуирана појава на нови животни на истото подрачје, според претпријатието, отвора сериозен сомнеж дека одредени лица или субјекти организирано вршат дислокација на бездомни кучиња во Скопје, наместо да применат законски и хумани решенија во општините од кои потекнуваат.

Ваквата практика, како што нагласуваат од ЈП „Лајка“, е недозволива, нехумана и потенцијално опасна. Кучињата се изложуваат на дополнителен стрес, глад и ризик од повреди, а истовремено се зголемува и заканата по јавната безбедност. Дополнително, ваквото постапување директно го нарушува системот за контрола на популацијата на бездомни животни и ги обезвреднува напорите за стерилизација, вакцинација и одговорно управување. Од претпријатието упатуваат апел до надлежните институции за засилен надзор и соодветно санкционирање на ваквите појави, а до граѓаните – навремено да пријавуваат секој сомнителен транспорт или напуштање на кучиња. Само преку заедничка одговорност и доследно почитување на законот, потенцираат од „Лајка“, може да се обезбеди хуман, одржлив и системски пристап кон решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Претходно, Анима Мунди посочија дека се сомневаат дека кучињата се донесени од Албанија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top