Македонија

(Фото): Патниците кои летаат со авион повеќе нема да ги вадат лаптопите и течностите од багажот

Аеродромот во Скопје доби нови безбедносни скенери – патниците повеќе нема да мора да ги вадат електронските уреди од багажот

Аеродромот во Скопје пушти во употреба два нови безбедносни скенери со компјутерска томографија, во вредност од околу еден милион евра. Според генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, со оваа инвестиција скопскиот аеродром станува првиот на Балканот што располага со ваква технологија, со што значително се зголемува безбедноста на патниците и се забрзува процесот на контрола на багажот.

Тој додаде дека патниците при безбедносната контрола повеќе нема да имаат потреба да ги вадат лаптопите, таблетите и мобилните телефони од своите торби. Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи-Шаќири, изјави дека соработката со ТАВ овозможила инвестиции во вредност од околу 50 милиони евра во голем број проекти. Таа ја нагласи важноста од континуираната модернизација, реконструкција и проширување на Охридскиот аеродром.

  • „Сакаме да го отстраниме стресот кај патниците. Пред сè, сакаме да се чувствуваат безбедно. Исто така, сакаме да го подобриме нивното искуство, така што безбедносната контрола ќе биде побрза. Повеќе нема да има потреба да ги вадите лаптопите од торбите – тие можат да останат внатре, а целиот процес ќе биде побрз и без стрес.“, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ.

  • Првиот е целосно нов систем за видео надзор, кој значително ја зајакнува нашата способност за спречување, откривање и брзо реагирање на безбедносни инциденти, со цел максимална заштита на патниците, вработените и инфраструктурата. Вториот е современ систем за обука, тестирање и сертификација на безбедносниот персонал, кој обезбедува континуиран професионален развој преку реални симулации и современи методи на евалуација, целосно усогласени со највисоките меѓународни стандарди, рече генералниот директор на ТАВ Македонија.

Со овие инвестиции, ТАВ Македонија јасно ја потврдува својата стратешка определба – да создава модерен, безбеден и конкурентен аеродром кој ги исполнува и надминува европските стандарди.

  • „Оваа инвестиција е вредна околу еден милион евра и е едиствена во регионот, значи во Балканот. Со ТАВ Македонија имаме одлична соработка како Министерство. Досега имаме донација од околу 50 милиони евра и 97 проекти веќе се реализираат во целата држава“, изјави заменик-министерката за транспорт Калтрина Зеколи-Шаќири.

Компанијата ќе продолжи да инвестира во технологии, инфраструктура и услуги кои го унапредуваат квалитетот на патувањето и ја зацврстуваат позицијата на Меѓународниот Аеродром Скопје како современ регионален воздухопловен центар.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top