Македонија

(Фото): Скопјанка го тргала новороденото ждребе од улица, рече дека никој не сакал да застане и да помогне

Ждребето што утрово се роди среде улица во скопски Карпош било во лоша состојба и не можело да стане, објави активистка која била на местото на настанот.

Штотуку родено ждребе било затекнато среде улица во Скопје, додека покрај него се наоѓале кобилата и уште еден коњ. За случајот сведочи скопјанката Билјана Николовска, која објави и фотографија од животните. Според нејзината објава, таа утринава се движела по улицата „Илинденска“ кога пред крајот на улицата го забележала новороденото ждребе како лежи на коловозот, со плацентата покрај него.

Николовска тврди дека застанала и успеала да го извлече малото животно од коловозот и да го премести на тревата покрај патот.

  • „Никој да застане да помогне. Застанав, едвај го извлеков на тревата покрај патот, а идиотите подзастануваа и со мобилните снимаат“, напиша таа.

Таа се јавила во Ветеринарната амбуланта во Автокоманда, од каде што била упатена во ЈП „Лајка“. Како што наведува, таму никој не се јавувал, додека телефонскиот број што го имала за „Анима Мунди“ не бил активен. На крајот успеала да стапи во контакт со вработен во Зоолошката градина, кој ѝ рекол дека ќе биде испратена екипа за да ја провери состојбата на ждребето.

Подоцна активистката објави дека ждребето е живо и изрази благодарност до сите што помогнале да се реагира.

Таа додава дека побарала помош, но, според нејзиното сведоштво, никој од присутните не се вклучил. На фотографијата што ја објави се гледа ждребето како лежи на тревна површина покрај кобилата, непосредно по раѓањето. Засега нема информации кому му припаѓаат животните, ниту како кобилата се нашла на улицата во моментот кога се ождребила.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top