Македонија

(Фото): Скопје се дави во смет – До кога граѓаните ќе плаќаат за чиста средина, а ќе добиваат ѓубришта?!

Градот Скопје буквално се дави во смет. Преполните контејнери и расфрланото ѓубре станаа секојдневна слика. Граѓаните гневни, бараат веднаш да се реши проблемот и да престанат политичките предизборни надмудрувања зашто смредата е неподнослива.

Непријатна реа, смет во и надвор од контејнерите – ваква е сликата во центарот на главниот град, а се забележува и насекаде низ метрополата. Овие слики наликуваат како да сме заостанати во минатото, но и тогаш имало кој да направи ред на еден главен град. Но сега, за жал, сликата е поразителна, реагираат граѓаните кои буквално се оставени без зборови. Велат, жално е што Скопје од ден на ден се повеќе тоне.

Главниот град Скопје е затрупан со ѓубре и претворен во депонија. Сите контејнери низ градот се преполни, а купишта смет има на тротоарите и на улиците. Со недели не се собира ниту ѓубрето од кантите од куќите.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не кажува каде е точно проблемот и зошто не се собира ѓубрето, ниту има соопштение од ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е Сабахудин Рустеми, кој е петти директор поставен на чело на оваа функција од Арсовска.

Од Комунална хигиена уверуваат дека претпријатието ги вложува сите напори за да ја одржи динамиката, предвидена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад.

  • „ЈП комунална хигиена – Скопје“ се соочува со енормно зголемени количества на одложен комунален, кабаст и градежен отпад, како во самите контејнери, така и во нивната непосредна околина, односно на јавни и сообраќајни површини. Од овие причини може да се случи на одредени локации да има доцнење при собирањето и транспортот на отпадот.“, стои во соопштението од ЈП комунална хигиена – Скопје.

 

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top