Македонија

(Фото): Завршија обуките за прва помош за воспитувачки и негователки во Карпош

Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Општина Карпош, во соработка со Црвениот крст на град Скопје, реализираше едукативни и практични обуки за прва помош, наменети за 100 воспитувачки и негувателки од детските установи на територијата на општината. Во текот на неколкудневната обука, стручни тимови на Црвениот крст, составени од координатор и доктор, преку теоретски предавања и практични вежби им овозможија на учесничките да ги надградат своите знаења и практични вештини за навремено и соодветно постапување во ситуации кога е потребна прва помош.

Имајќи ја предвид нивната секојдневна одговорност и грижата за најмладите, стекнатите знаења и вештини се од особено значење за создавање побезбедна средина во детските установи. На последниот ден од обуката, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, им се заблагодари на воспитувачките и негувателките за нивната посветеност и одговорност, како и на стручните тимови на Црвениот крст за професионалниот пристап и споделеното знаење.

Општина Карпош продолжува да вложува во знаењето и подготвеноста на воспитно-згрижувачкиот кадар, со цел да се создадат побезбедни и посигурни услови за најмладите.

Најнови вести од: Македонија

Светско признание за министерот Тошковски за „Безбеден град“ (ВИДЕО)

Наградата претставува меѓународно признание за проектот насочен кон подобрување на безбедноста во сообраќајот преку примена на современи технологии, автоматско регистрирање на сообраќајни прекршоци и дигитализација на постапките

Ахмети: Балканските криминалци соработуваат, но не и политичарите

„Трагедијата е во тоа што народите и политичарите кои ги претставуваат – и Македонците, и Албанците, и Србите – не успеваат да соработуваат за да изградат мирен Балкан и посигурна иднина за сите нас“, вели лидерот на ДУИ

Аларм: Секое 10-то дете во Македонија изложено на сексуална злоупотреба на интернет

Секое десетто дете во Македонија на возраст од 12 до 17 години коешто користело интернет било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба. Станува збор за околу 12.000 деца, бројка што ја потврдува и последното истражување на УНИЦЕФ.

To top