Македонија

Франција го гони бугарскиот вандал кој го кршеше македонскиот центар во Благоевград

Бугаринот добивал нарачки од Москва

Еден од учесниците во каменување на Македонскиот клуб во Благоевград е осомничен во истрагата во Франција за организирање на акции а дестабилизација на Франција оркестрирана од Руското разузнавање.

Франција почна судење на четворица Бугарски државјани кои се товарат за спроведување на илегални операции организирани од Русија, објави денеска агенцијата БГНЕС.

Еден од луѓето кои по налог на Москва организирал хаос во Франција е Николај Иванов кој претходно во Февруари 2023 година заедно со други три лица го вандализираше Македонскиот клуб во Благоевград.

На 11 септември, францускиот суд отворил расправа за случајот со 35 црвени отпечатоци од раце направени со шаблони на ѕидовите на споменикот на Холокаустот во четвртиот арондисман во Париз на 14 мај 2024 година.

Судот ја потврди хипотезата за манипулативен чин, чија цел била да изгледа како антисемитска манифестација. Црвените раце потсетуваат на епизода од израелско-палестинскиот конфликт поврзана со линчувањето на двајца израелски војници во Рамала во 2000 година. На рочиштето во четврток, одбрана на Бугарите ги претставиле како градежни работници кои работат на повеќе дестинации низ Европа.

За време на испрашувањата, обвинетите изјавиле дека не знаат ништо за рускиот клиент и дека дејствувале „во поддршка на мирот“ во израелско-палестинскиот конфликт или дека го направиле тоа „како шега“. Тие се соочуваат со затворска казна до 10 години за криминален заговор и оштетување на имот со антисемитизам како отежнувачки фактор.

Според заклучоците од истрагата, предводена од судијката Катја Дубреј, групата има врски со Русија. Деталите за синџирот што води до Кремљ сè уште не се откриваат за јавноста.

Француската разузнавачка служба DGSI го опишува случајот како „акција за дестабилизација на Франција, оркестрирана од руското разузнавање“, спроведена „како дел од поширока стратегија за ширење дезинформации, како и за поделба на француското јавно мислење или за предизвикување внатрешни тензии преку употреба на „посредници“ – луѓе кои не работат директно за руските служби, туку добиваат надомест за специфични задачи преку посредници.

Во поддршка на хипотезата за руска вмешаност, кампања на социјалните мрежи беше идентификувана два дена по „црвените раце“, во која мрежа од руски ботови и лажни медиуми тврделе дека француската држава не презема мерки против антисемитизмот и несигурноста.

DGSI верува дека бугарската група стои и зад неколку други акции во Париз и други европски градови пред и по инцидентот со „црвените раце“. Во април 2024 година, стотици налепници со кои се повикува на крај на војната во Украина беа залепени на ѕидовите во Париз. На 19 мај 2024 година, гробот на украинскиот националист Степан Бандера беше осквернавен во Минхен, Германија. Во јуни 2024 година, имаше уште две дејствија: оставање на пет ковчези со натпис „Француски војници на Украина“ во близина на Ајфеловата кула – случај кој е под посебна истрага, и уште една кампања со налепници, овој пат во Цирих, Швајцарија.

Истрагата ги именува Мирчо Ангелов (27) и Георги Филипов (36) како сторители на цртежите. Кирил Милушев (28) е обвинет за снимање на дејствијата за последователна онлајн кампања, а Николај Иванов (42) е на суд за далечинско организирање на логистиката и финансирањето на операцијата.
Француските служби тврдат дека Иванов добивал инструкции на руски јазик преку апликацијата Телеграм и барал „извршители“ за операцијата.

Судењето е закажано за 29-31 октомври. Четворица осомничени Бугари, од кои еден е во бегство, ќе бидат изведени пред суд. За време на рочиштето, судот ги отфрли барањата за ослободување на двајца од тројцата физички присутни обвинети, кои се во притвор од летото 2024 година, откако двајца од нив беа приведени во Бугарија, а еден во Хрватска.

Најнови вести од: Македонија

Кајмакоски бил киднапиран во Белград, му барале откуп од 20 илјади евра?! – Драматична потера на полицијата по киднаперите!

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објавија српскиот портал Блиц и уште десетици медиуми од таа земја.

Заев се јави, ем ги „демантира лагите на ВМРО ДПМНЕ“ за „режираната драма за медицински канабис“ – запленета не во кила, туку во тони!

„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден откако заминав, партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, нивните портпароли и медиуми не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди.“ – објави утринава Зоран Заев на својот фејсбук-профил во врска со, како што вели, „медицинскиот канабис“, а кој им беше пронајден и запленет и тоа не со килограми туку со десеттици тони, и тоа над 40 тони!

Мицкоски на средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата ќе оствари средба со репрезентативните синдикати од областа на администрацијата, информираат од владината прес-служба. Претходно на 5-ти овој месец во Владата се одржа средба со претставници на УПОЗ, по чие завршување претседателот на овој синдикат Трпе Деановски информираше дека Владата го прифатила нивното барање, но, како што истакна, не во целост.

Ковачки: Полураспаднатата СДС ѝ прави штета на Македонија со своите лаги и манипулации!

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание Драган Ковачки, вчеравечер во „Тема на денот“ на Сител телевизија одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети изнесени во јавноста од страна на опозициската СДС, која тој ја оцени како полураспадната партија и едновремено изнесе во со јавноста дека го поседува највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, кој патем е издаден во времето на СДС и ДУИ.

Најнови вести

To top