Македонија

Фрчкоски и Георгиевски: Закани за справување со две телевизии и 30 портали (ВИДЕО)

Мистериозна порака до 32 македонски медиуми што може да им се случи ако СДСМ повторно дојдат на власт

Главниот идеолог на СДСМ, екс министерот за внатрешни и надворешни работи Љубомир Фрчкоски најавува ,,справување” со 32 македонски медиуми.

Фрчкоски и екс премиерот Љубчо Георгиевски во подкаст зборуваат за две национални телевизии Алфа и Канал 5 и 30 портали кои според нив биле дел од некаква орбановско – вучиќева структура и дека со нив ќе се ,,справувале”.

Оваа порака за ,,справување” на Фрчкоски како човек што во круговите блиски на СДСМ се смета за главен кандидат за иден министер за внатрешни работи ако неговата партија дојде во догледно време на власт, може да се толкува како закана за затворање на медиуми кои СДСМ не ги смета за пријателски.

СДСМ пред неколку години додека беше на власт преку тогашната портпаролка а сега член на извршниот одбор Богданка Кузевска јавно се закануваше со мерки против Алфа ТВ.

Сите истраги за наводен криминал кои ги водеа луѓето на Заев и Филипче пропаднаа но тоа не му пречи на Фрчкоски да се заканува дека ќе се справува со медиумите.

Точната бројка од 30 портали која е наведена покажува дека Фрчкоски точно знае кои медиуми се на листата за ,,отстрел” односно за справување.

Засега молчат и Здружението на новинари, АВМУ, Синдикатот на новинари и невладините кои се занимаваат со медиумските права и слободи.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top