Македонија

Фрчкоски откри кој македонски разузнавач соработувал со ЦИА (ВИДЕО)

Екс министерот надвор од етиката на разузнавачките служби во интервјуто открива конкретно лице кое соработувало со странска служба

Екс министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во видео што го пренесува порталот ,,Социјална свест” зборува за присуството на ЦИА во Скопје во периодот на независноста на Македонија.

Фечкоски вели дека соработката со ЦИА била многу важна за Македонија.

За ЦИА биле многу важни информациите што ги добивала од македонските офицери во ЈНА кои според Фрчкоски биле исклучително корисни за војната во Босна и за спречување на Милошевиќ да развие уште поголем хаос во екс Југославија.

Фрчкоски надвор од етиката на разузнавачките служби во интервјуто открива конкретно лице кое соработувало со странска служба, во случајов ЦИА.

Екс министерот отворено зборува за екс шефот на воената разузнавачка служба
Драган Стојмановски, познат под прекарот „Млекце“.

Млекце е личност која се поврзува со македонската безбедносна сфера во периодот на 1990-тите години.
Овој висок офицер на екс тајните служби на екс Југославија е главен актер во аферата „Сина птица“

Во јавните обвинувања од тој период, тој е посочуван како дел од структурите на тогашната УДБА (Безбедност и разузнавање) и близок соработник на одредени политички и разузнавачки фигури.

,,Сина птица” е афера која изби во 1992 година кога во јавноста, Службата за државна безбедност беше обвинета дека се обидела да формира паравоена формација во рамките на ВМРО-ДПМНЕ за да се компромитира истата како демократска политичка партија.

Аферата го добива името според хотелот „Сина птица“ каде што бил одржан состанок помеѓу претставници на секција во ВМРО-ДПМНЕ и претставници на МВР и АРМ, на тема состојбите во Република Македонија.

,,Млекце” беше човекот кој во јавноста се поврзуваше со организација на овој случај.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top