Македонија

Гаранции, но и реципроцитет – Муцунски за решението со Бугарија

И пресудите на ЕСЧП за Македонците во Бугарија на маса за одржливо решение, порача шефот на дипломатијата Муцунски

Не само гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот услов за Македонија надвор од Копенхашките критериуми, туку и реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија, се двете најзначајни основи за одржливо решение со Бугарија, според македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Ако Бугарија бара внесување Бугари во македонскиот Устав, тогаш треба да ги почитува и пресудите на Европскиот суд за човекови права во однос на правата на Македонците во Бугарија, порача тој во интервју за ТВ Сител.

За шефот на македонската дипломатија, сегашното решение што е на маса е неодржливо на подолг рок и може да ја соочи земјата со нова блокада од исток само по неколку месеци.

„Нашата цел е да најдеме решение, но не решение што повторно ќе нè стави во истата позиција за неколку недели или месеци. Вакво решение е неприфатливо“, порача Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top