Македонија

Гаши: Амбасадорката Агелер остави видлив белег во развојот на демократските процеси во Македонија

Претседателот на Собранието изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка за демократските процеси во земјата.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.

Како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка за демократските процеси во земјата.

„Особено беше нагласена нејзината улога во зајакнувањето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието. Претседателот Гаши, исто така, изрази благодарност до Амбасадата на САД за нејзината континуирана и силна поддршка за Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во овој контекст, беше нагласена и благодарноста кон Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник“.

Тој, исто така, изрази увереност дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top