Македонија

Гаши: Како на членка на НАТО не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност!

Во однос на така наречената „Пржинска влада“ претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши оцени дека Македонија, како стабилна држава и членка на НАТО, нема потреба од технички влади за организирање избори, бидејќи изборните процеси во изминатиот период поминуваат без сериозни забелешки.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека е поддржувач на концептот за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори создаваат политичка и економска нестабилност во државата. На средбата со новинарите тој посочи дека мандатите треба да се завршуваат до крај и оти граѓаните треба да ги оценуваат политичките субјекти врз основа на реализираните ветувања. -Одлуката за избори ја носат пратениците, односно политичката волја на 61 пратеник“, изјави Гаши.

Гаши информираше и дека на координацијата со координаторите на пратеничките групи повикал на усогласување за изборот на Народниот правобранител, додавајќи дека постапката е доведена до пленарна седница и дека таа ќе биде свикана веднаш штом ќе се постигне политички договор. Тој соопшти дека Собранието очекува допис од министерот за правда, Игор Филков, за формирање работна група за Изборниот законик.

Во однос на наводите од СДСМ дека не бил испратен допис за формирање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, Гаши ги демантираше тврдењата и изјави дека пратеничките групи треба да ги достават своите предлози до Комисијата за избори и именувања.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top