Македонија

Претседателот на Собранието на Македонија Гаши на средба со премиерот на Косово Курти: разгледани „стратегиските проекти, кои ги поврзуваат двете земји“

Средбата, означена како пријателска, беше оценета како позитивен чекор кон продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, со насоченост на конкретни проекти и регионалната координација.

„Премиерот на Косово Албин Курти го прими во пријателска средба претседателот на Собранието на Македонија Африм Гаши, во присуство на претседателот на Собранието на Косово Глаук Коњуфца, министерката за правда Албулена Хаџиу и Авни Дехари. За време на средбата беа разгледани политичките случувања во регионот, прашања од заеднички интерес и важноста на меѓуинституционалната соработка меѓу Косово и Македонија. Страните ја истакнаа посветеноста на унапредувањето на стратегиските  проекти, што ги поврзуваат Косово и Македонија, ценејќи ја конструктивната атмосфера на разговорите.“ – објави ТВ Алсат.

Натаму телевизијата изнесува: „Разговаравме за политичките случувања во регионот, за прашања од заеднички интерес и ја нагласивме важноста на меѓусебната соработка меѓу институциите на нашите две земји. Ја истакнавме посветеноста на унапредувањето на стратегиските проекти, што ги поврзуваат нашите земји.“ – објави Африм Гаши, претседателот на Собранието на Република Македонија. 

Средбата беше оценета како позитивен чекор кон продлабочување на односите меѓу двете земји, со фокус на конкретни проекти и регионална координација. – објави Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top