Македонија

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во објава на социјалните мрежи, тој пишува дека „одбележувањето на овој празник е можност со почит да се осврнеме на минатото, но и повторно да ја потврдиме нашата заедничка одговорност за изградба на демократско, стабилно и просперитетно општество“.

„По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија. Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност. Нивната борба и жртва претставуваат суштински дел од историскиот темел врз кој денес ја градиме нашата заедничка иднина“. „

Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се навратиме на минатото, но и повторно да ја потврдиме нашата заедничка одговорност за изградба на демократско, стабилно и просперитетно општество – општество втемелено врз меѓусебна почит, единство и европски вредности.

Само преку обединување околу заедничките интереси и почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков, безбеден и почитуван“, напиша Гаши.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top