Македонија

Гаснењето со вода на пожарот во Трубарево не е ефикасно

Директорот Стојанче Ангелов појасни дека досегашното гаснење со вода не е ефикасно за овој дел од пожарот, бидејќи се работи за запалив материјал како електронски компоненти, дрвја, пластика и даски.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека делот од пожарот во Трубарево во објектот со складиран електронски отпад и пластика на компанијата Ф-Групација (претходно беше објавено дека се работи за објактот на „Нула отпад, но, оттаму реагираа со демант на социјалните мрежи), кој зафаќа електронски отпад ќе се гаси со песок.

Директорот Стојанче Ангелов појасни дека досегашното гаснење со вода не е ефикасно за овој дел од пожарот, бидејќи се работи за запалив материјал како електронски компоненти, дрвја, пластика и даски.

Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок.

Ангелов најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top