Македонија

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува забрзано

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше преку општествената мрежа за забрзаната динамика во изградбата на сообраќајно-транспортната инфраструктура во македонската метропола.

„По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци.“ – соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку својот официјален фејсбук-профил.


Во објавата тој дополнува: Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри.
Се подготвува и натпатникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булевар „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, многу важна алка во целото решение.

Досега изградбата се одвиваше во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи.
Но, процесите се деблокираат и динамиката конечно се забрзува.


Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје.


Градот чекори напред. Заедно, Скопје ќе го направиме повторно горд град! – порача првиот човек на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски преку општествената мрежа.

Најнови вести од: Македонија

Монтеро во „Ел Паис“ за Сиљановска-Давкова: Светот ќе го спасат добрите политичари што ја негуваат поезијата во срцето

Објавата во највлијателниот шпански весник ја пренесува приказната за Македонија за македонскиот поетски фестивал и за културната дипломатија директно до широката шпанска и меѓународна публика

Професорката која зема мито од студент доби забрана за работа

Во реакцијата на Универзитетот “Гоце Делчев“ од Штип, се наведува дека во академската заедница нема место за лица што ја злоупотребуваат својата позиција, го нарушуваат интегритетот на образованието и ја изневеруваат довербата што им е дадена

To top