Македонија

Ѓорѓиевски: Македонија ќе напредува, само ако администрацијата работи побрзо и поефикасно

„Новиот пристап во реформите на јавната администрација е јасно дефиниран и се темели врз четири клучни принципи: дигитализацијата како основен стандард во секоја институција, професионалната и отчетна администрација, рационализацијата на процесите со значително намалување на бирократијата и целосната усогласеност со европските стандарди и практики. Ова е визија за држава, во која системот конечно работи за граѓанинот. Со решителност и јасна насока можеме да станеме пример за функционална и европска јавна администрација.“ – порача преку фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски по денешната седница на Советот за реформи во јавната администрација, на која присуствуваше и тој.

Во објавата на општествената мрежа Ѓорѓиевски, исто така, истакна: На покана на премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денес присуствував на втората седница на Советот за реформи во јавната администрација – двигателот на длабоки и суштински промени во функционирањето на државните институции.

Цврсто верувам дека Македонија може да оди напред само ако администрацијата работи побрзо, поефикасно и професионално. Институциите мора да комуницираат меѓусебно и да работат беспрекорно и со целосна одговорност. – порача преку општествената мрежа првиот човек на Градот Скопје Орце Ѓорѓиевски.



 

 

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top