Македонија

Ѓорѓиевски: Време е за работа веднаш – Скопје влегува во нова ера (ВИДЕО)

Со симболиката на нов почеток, денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град конечно влегува во ера на „работа, визија и одговорност“.

facebook.com/1OrceGj

Со симболиката на нов почеток, денес се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека главниот град конечно влегува во ера на „работа, визија и одговорност“.

„Оваа прва седница е силна порака дека демократијата живее преку соработка и визија за подобро Скопје. Нема време за експериментирање, време е за работа. Работа веднаш“, изјави Ѓорѓиевски пред советниците.

Тој вети дека новата градска управа ќе го врати Скопје на вистинскиот колосек – град на чистота, ред и транспарентност.

„Скопје е срцето на Македонија. Ова е град со историја, култура и младост. Нашата мисија е да го направиме место каде младите ќе останат, семејствата ќе се развиваат, а граѓаните ќе живеат достоинствено“, нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски ги издвои клучните приоритети за наредниот период: модернизација на јавниот превоз со нови автобуси, уредување на сообраќајната сигнализација, безбедни улици, континуирано чистење на градот, повеќе зелени површини и системски решенија за отпадот.

„Завршува времето кога Скопје беше град на депонија. Од првиот ден започнавме генерално чистење и тоа нема да трае само 72 часа. Ова не е маркетинг, ова е обврска. Граѓаните нè плаќаат за резултати, не за изговори“, рече тој.

Градоначалникот најави дека нема да дозволи хаотична урбанизација, туку планиран развој во интерес на граѓаните.

„Тоа што го направив во Кисела Вода, ќе го направам и во целиот град. Ќе се бориме за рамнотежа меѓу развојот и заштитата на јавниот простор“,порача Ѓорѓиевски.

Посебен акцент стави на младите и транспарентноста.

„Младите се двигателот на секоја заедница. Ќе поддржиме нивни проекти, иновации и спорт. Градот ќе биде партнер, а не пречка. Од вчера Скопје е отворен град за сите. Граѓаните мора да знаат како се користи секој денар од буџетот“, истакна тој.

На крајот, Ѓорѓиевски им се заблагодари на советниците и на скопјани за довербата.

„Очекувам Советот да биде извор на идеи, а не на поделби. Да покажеме дека знаеме да соработуваме кога станува збор за интересите на граѓаните. Заедно ќе изградиме модерен, чист и достоинствен град, Скопје какво што сите заслужуваме“, рече градоначалникот.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top