Македонија

Го празнуваме Свети Климент Охридски

Тој бил најистакнат ученик на светите Кирил и Методиј и нивното дело го продолжил токму на македонските простори, со што силно влијаел врз развојот на христијанството и писменоста кај Словените.

Во текот на своето дело, Климент Охридски ја создал кирилицата, прилагодувајќи ја грчката азбука за потребите на словенскиот јазик. Со тоа, тој поставил темели на писменоста и културниот развој на словенските народи.

Св. Климент (840 — 27 јули 916 година во Охрид)  биледен од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.

Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.

Неговата Охридска школа претставувала еден од најзначајните духовни и образовни центри во средновековна Европа.

Покрај тоа што бил епископ и учител, Свети Климент оставил и богато книжевно наследство – проповеди, молитви и поуки што се сметаат за најстарите оригинални дела на старословенски јазик.

Свети Климент е и заштитник на градот Охрид, за кој според преданијата, неговиот дух секогаш бдее и го спасува од несреќи.

Денес, неговото име го носат бројни институции: Универзитетот во Битола, Националната и универзитетска библиотека во Скопје, како и соборниот храм во главниот град.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top