Македонија

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

 

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, честитка упати и поранешниот претседател на Репувлика Македонија, Ѓорге Иванов.

Во објавата на социјалните мрежи тој порача дека единството, истрајноста и заедничката цел се темелите врз кои треба да се гради иднината на државата.

Иванов потсети дека со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, шестмината основачи ја поставиле основата за остварување на вековниот стремеж за слободна Македонија.

„Со формирањето на Македонската револуционерна организација, на 23 Октомври 1893 година, од шестемина македонски дејци, Хаџи Николов, Поп Арсов, Груев, Татарчев, Димитров и Батанџиев се оствари една визија, една единствена цел за исполнување на вековниот сон за слободна Македонија.

Создавањето на револуционерната организација беше инспирирана од слободарските идеали на целокупниот народ и во неа се вградија луѓе од различни социјални слоеви, со различна верска и етничка припадност и со различни политички идеологии.

Нивната заедничка цел – политичка и социјална слобода на Македонија, беше поттик за обединување на севкупното граѓанство.

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации.

Славејќи го денот на шесттемина основоположници на идеата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник. А , тоа е дека само кога сме сплотени, истрајни и цврсти во одлуката секогаш победуваме.

Денес ние, како следбеници на нашите предци, почитувајќи ја историската реалност, треба да создадеме иднина за нашите потомци.

Секоја генерација има своја борба и стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија.

Нека ни е честит празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!

Да живее Република Македонија!“ – наведе Иванов во честитката по повод денешниот празник.

Најнови вести од: Македонија

To top