Македонија

Ѓорѓиевски: Фонтаната „Лотосов цвет“ повторно вратена на скопјани! (ВИДЕО)

По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.

 

Некогаш најфотографираното катче во срцето на Скопје, создадено во 70-тите години од минатиот век, овој препознатлив симбол на чистота и убавина, ,,Лотосов цвет”, денес повторно блеска, објави синоќа на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„По години на запуштеност и заборав, фонтаната е целосно обновена, просторот е уреден, поставена е нова урбана опрема и модерно осветлување.
„Ова е враќање на едно чувство, на едно место што обединува генерации, каде се раѓале првите љубови и каде секој чекор носи своја приказна и секој агол чува дел од нечија младост.
Нека „Лотосов цвет“ повторно биде место за средби, за насмевки, за уживање и за нови спомени.
Од денес, ова катче повторно ќе живее, полно со луѓе, енергија и живот“ почача градоначалникот во објавата

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top