Македонија

Гоце Наумовски е нов уставен судија – европскиот правен авторитет ќе внесе европски стандарди во Уставниот суд!

По изборот Наумовски даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно и во согласност со Уставот и законите. Влегувањето на европскиот правен авторитет Наумовски во Уставниот суд е сигнал за насочување кон стручноста, интегритетот и европските стандарди во работата на оваа највисока судска институција во Република Македонија, но и како и чекор кон понатамошно зајакнување на довербата во уставно-судската заштита.

Со 63 гласа „за“, седум „против“ и без ниту еден воздржан, Собранието денеска го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија. По изборот тој потпиша свечена изјава во Собранието, со која се обврза дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно и дека ќе ги почитува Уставот и законите.

Новиот уставен судија Наумовски е еден од респектираните македонски правни научници, со долгогодишно искуство во областа на римското и европското право, како и во интелектуалната сопственост и правната аргументација. Проф. Наумовски има објавено бројни научни трудови во домашни и меѓународни списанија и активно учествува на европски и светски конференции.

Препознатлив е и по својата европска академска вмреженост, учество во меѓународни истражувачки проекти и соработка со повеќе универзитети и правни институти во Европската Унија. Како професор, со години е посветен на едукација на нови генерации правници, со насоченост на владеењето на правото, уставните вредности и правната сигурност.


Најнови вести од: Македонија

To top