Македонија

Градоначалникот Лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема Богородица

Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа

Првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа.

– „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности – верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ – порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top