Македонија

Грчкиот премиер Мицотакис би можел да ја посети Македонија во наредниот период

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во следниот период би можел да ја посети Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на информации од дипломатски и политички кругови во Атина.

Повод за ваквите размислувања е неодамнешниот договор меѓу Хеленик Енерџи и Владата на Македонија за повторно активирање на продуктоводот Солун–Скопје, долг 213 километри, кој не се користел од 2013 година.

Според весникот, во наредниот период ќе се донесе конечна одлука за евентуалната посета. Текстот под наслов „Предлози за посета на Скопје“ истакнува дека активирањето на продуктоводот „ја зголемува енергетската безбедност на Македонија преку енергетската зависност од Грција“, што се толкува како враќање кон старата надворешна политика на економско продирање на Балканот.

„Катимерини“ додава дека доколку посетата се реализира, тоа ќе биде прва посета на Мицотакис на нашата земја и втора посета на грчки премиер на Скопје во последните седум години.

Во вторникот, Министерството за економија и труд на Македонија соопшти дека продуктоводот, преку кој ќе се транспортира дизел-гориво од рафинеријата во Солун до рафинеријата „Окта“ во Скопје, по 13 години повторно се става во употреба.

Министерката Сања Божиновска истакна дека се извршени сите потребни проверки за функционалност на системот, а прецизното мерење, контролата и меѓународната верификација „значат доверба, стабилност и долгорочна енергетска сигурност за државата“.

Продуктоводот е пуштен во функција во 2002 година за пренос на сурова нафта, а по 2013 година беше предмет на инвестиции за пренамена во транспорт на дизел-гориво.

Системот е долг 213,5 километри, располага со 15 блок-вентил станици, складишни капацитети од 80.000 м³ во Грција и 30.000 м³ во Македонија, како и современ СКАДА-систем за следење притисок, температура и проток во реално време.

Доколку посетата на Мицотакис се реализира, таа би била прва официјална посета на грчки премиер на Македонија од 2019 година (кога Алексис Ципрас ја посети земјава во рамките на Преспанскиот договор).

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top