Македонија

Груби во ќелија со „цимер“ Македонец

Притворенииот Груби рекол дека не се чувствува безбедно од некои лица етнички Албанци за кои имал сознанија дека се во притвор во „Шутка“

Бегалецот Артан Груби кој утрово беше уапсен на ГП“Блаце“ и веднаш спроведен во затворот „Шутка“ веднаш почнал да се жали дека не се чувствцувал безбеден и поради тоа ќе има посебно 24 часовно обезбедување.

На негово барање и од безбедносни причини тѕој ќе дели ќелија со само еден затвореник – Македонец.

Пред задолжителниот лекарски преглед, Груби бил прашан дали од некого од притворените не се чувствува безбедно, односно дали има сознанија дека во затворот има лице или повеќе лица од кои чувствува опасност, дознава порталот Сакам да кажам“:

„Притвореното лице Артан Груби одговори дека не се чувствува безбедно. На конкретно прашање од кого, тој ни кажа дека практично од сите, бидејќи како што рече, ‘и сами гледате, сè е против мене и сите се против мене’.

На дополнително прашање тој наведе дека е небезбеден од некои лица етнички Албанци за кои имал сознанија дека се во притвор во овој затвор, па ставен е со цимер Македонец. Други лица нема да има во таа просторија“, изјавиле од безбедносните служби од затворот за СДК.

Артан Груби е спроведен во затворот во Шутка

 

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top