Македонија

Хајдари бара Закон за албанскиот јазик во – Македонија?!

Аналитичарот и издавач на весникот „Љајм“ со „генијална“ идеја наместо „само“ полагање правосуден испит на албански

Аналитичарот Фејзи Хајдари со генијална идеја за задоволување на барањата од протестите во Скопје за полагање правосуден испит на албански јазик.

„Ако сакаме албанскиот јазик да биде официјален, тој мора да се реши со Закон за албанскиот јазик (што ќе рече еднаков со македонскиот), а не со ‘можноста за полагање правосуден испит на албански јазик’“, изјави тој во интервју за телевизијата Њуз 24 од Тирана.

„Сите албански партии од 1991 година не успеаја во своите напори да го решат овој проблем. Албанскиот политички фактор во Тирана и во Приштина, заедно со нивните амбасадори во Скопјe, никогаш не придонеле во оваа насока, туку постојано ги поддржуваа албанските партии во Владата. Амбасадорот Мејдани, па дури и амбасадорот Чејку до вчера, се залагаа за тогашната владејачка партија… Високи функционери од Тирана ни велеа дека ние сме ‘државотворни’ и дека „албанскиот јазик е службен’, а денес кога се утврди дека тој не е официјален, а следствено на тоа и Албанците не се ‘државотворни’, изгледаат многу смешно во своите изјави и ставови“, додаде издавачот на весникот „Љајм“ и прв човек на истоимената телевизија.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top