Македонија

Хајредини: Не верувајте во лагите на Ахмети и на Рама

Ексминистерот за финансии за албанскиот како официјален јазик и за државотворноста на Албанците, според Охридскиот договор

Некогашниот министер за финансии Џевдет Хајредини во објава на Фејсбук се „пресмета“ со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со албанскиот премиер Еди Рама.

„Албанскиот јазик е декларативно официјален, исто како и јазиците на делови од другите народи вклучени во Преамбулата на Уставот, но не во еднаква употреба, збор кој не се споменува ни во Охридскиот договор. Не се споменува ни дека Албанците во Македонија се државотворци.

П.С. Не верувајте во лагите на Али Ахмети и на Еди Рама“, реагира Хајредини.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top