Македонија

Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци

Регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката.

Станува збор за злонамерна кампања во која од корисниците се бара да внесат податоци за своите платежни картички и лични информации, со цел нивна злоупотреба.

Анкетата не е поврзана со Халкбанк и претставува обид за измама. Банката апелира до јавноста да не кликнува на вакви содржини, да не внесува лични или финансиски податоци и да биде особено внимателна при вакви пораки и линкови. Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку анкети или неофицијални канали.

Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.

Доколку клиентите веќе ги имаат внесено своите податоци, потребно е веднаш да се обратат во Контакт центарот на банката на телефон 02 3296 330, кој е достапен 24/7 или преку help24@halkbank.mk, со цел навремено преземање на соодветни мерки.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top