Македонија

Ибрахими: Во октомври ќе заврши серијата „Измами“ на ДУИ, а потоа мнозина од нив ќе можат да ја читаат книгата „Разговор меѓу решетките“ од Исмаил Кадаре!

Остра иронија, но и поука од еден од лидерите на Вреди за челниците на ДУИ: „Да ја прочитаа на време оваа книга на албанскиот писател, немаше да ги прават овие акробации и измами!“

Лидерот на Алтернатива и еден од лидерите на Вреди Зеќирија Ибрахими остро реагираше кон опозициската ДУИ, обвинувајќи ја за последователни измами против граѓаните. „Тогаш кога се потсмеваа со граѓаните и играа фудбал и кошарка во канцелариите, велеа дека етничките прашања се завршени и затоа ја измислија зелената кампања – да го направат светот зелен. Кога се засрамија што изгубија од Вреди на минатогодишните избори, ја измислија мултиетничката коалиција, за да се спасат себеси.“ – пишува Ибрахими. Ова го пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“.

Натаму порталот наведува: Зеќирија Ибрахими додава дека по злоупотребата на муслиманите (Турци, Роми и Бошњаци) ДУИ повторно се врати на етничката реторика. „Сега повторно се враќаат во етничкиот камп, кон УЧК, на ‘чизмите на таванот’, во планините и ридовите, дури и се фалат дека ако не се тие, за Албанците нема ниту да изгрева сонцето.“ – посочува Ибрахими.,

Конечно, Зеќирија Ибрахими предупредува дека овој политички пристап на ДУИ е на крајот: „Сепак, немојте да се вознемирувате. Ова е последната епизода од долгата серија ‘Измами’, која ќе им заврши во октомври оваа година. После тоа многумина од ДУИ ќе имаат време да ја прочитаат книгата ‘Разговор меѓу решетките’ од Исмаил Кадаре! Да ја прочитаа на време, немаше да ги прават овие акробации.“

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top